Оливер Драгоевиќ го откажа концертот во Германија

Славниот пејач Оливер Драгоевиќ го послуша советот на лекарите и го откажа концертот во Германија.Како што изјави Горан Франиќ, еден од членовите на неговиот придружен бенд „Делфини“, докторот не му препорачал летање и патување поради разликите во висината.

Да потсетиме, Оливер неодамна истакна дека се радува на овој концерт.

„Се радувам на концертот, знаете дека бев со вас во Франкфурт сите овие години и се радувам на годинашниот концерт. Се гледаме на 11 ноември“, изјави Драгоевиќ.

На концертот во арената „Франкфурт“ настапуваат и „Прљаво казалиште“, Вигор, „Магазин“, Мате Булиќ, Тихо Орлиќ, Јоле, Мирослав Шкоро, а првпат ќе настапат и момците од бендот „Правила на игра“.

Scroll to Top