Погледнете го првиот настап на Карлеуша

Јелена Карлеуша за првпат настапи во 1994 година, додека уште беше малолетна, и доби награда за откритие на годината.Денеска Карлеуша е една од најпопуларните јавни личности, а нејзината музичка кариера трае веќе 23 години.Освен што околу неа постои армија фанови, Јелена е една од највлијателните српски личности на социјалните мрежи бидејќи само на „Инстаграм“ има повеќе од милион обожаватели.

 

Таа со своите обожаватели го сподели својот прв настап, кога на само 16 години се појави на бината со својата долга руса коса, која денеска, меѓу другите работи, е нејзин заштитен знак.

„Ова е мојот прв настап во живо, на 16 години. Тогаш добив награда како откритие на годината“, напиша Јелена Карлеуша.

Погледнете:

 

Scroll to Top