Сопругата на Харис Џиновиќ откри како е да се работи за Џенифер Лопез

Мелина Џиновиќ една од најпопуларните модни дизајнерки во Србија и сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, беше гостин во емисијата „Премиера викенд специјал“. Во емисијата откри како е да се работи за Џенифер Лопез која е нејзина клиентка.

„Јас долго време бев изгубена. За запознавањето со Шерон Стоун, а потоа и со Џенифер Лопез и самата бев во чудење. Јас сум доказ дека се е возможно ако верувате во себе. Јас славните не ги доживувам поинаку од обичните луѓе. Секоја жена сака добро да изгледа. Јавните личности имаат стилисти кои ги советуваат за да изгледаат така. Џеј Ло носи конфекциски број 36. има манекенска фигура, иако нам не ни изгледа така„ открива Мелина.

 

Џенифер Лопез во креација на Мелина Џиновиќ
Scroll to Top