Здравко Чолиќ ќе биде главна ѕвезда на годинашната Велешка питијада.
Четиринаесеттото издание на манифестацијата ќе се одржи на 6, 7 и на 8 октомври. Учесници се угостители производители на пити-пастрмајлии и винарници од регионот и државата.
Како и секоја година, така и оваа, манифестацијата ќе биде збогатена со културно-уметничка и забавна програма, а ексклузивен гостин оваа година е Здравко Чолиќ.