Ѕвездата од „Жикина династија“, Марија, никогаш не ја преболе смртта на мајка си

Ријалда Кадиќ, или позната како Марија од „Жикина династија“, при гостување во една емисија објасни зошто веќе никогаш нема да се врати од Лондон.

Таа во своето интервју кое го сподели со јавноста даде потресна исповед дека за време на војната во деведесеттите години во Југославија нејзината мајка ненадејно починала.

-Бев во Лондон да го усовршам јазикот. На 16 јануари 1991 година, кога започна војната, мојата мајка ненадејно почина. И тоа среде улица во Белград. Бев во станот во Лондон кога ја слушнав веста. Аеродромот беше затворен и немаше никаква шанса да се вратам дома. Многу бев поврзана со мојата мајка. Неа повеќе ја немаше, а војната во земјата се ширеше сè повеќе, поради тоа решив да се вратам во Лондон и да почнам нов живот“, изјави Ријалда, која по сите овие години сè уште не ја преболела смртта на својата мајка.

Ријалда наведува дека улогата на Марија ја толкувала на само 13-годишна возраст и дека во серијата го доживеала првиот бакнеж.

„Првпат во животот бакнав некого, и тоа пред камера. И секако дека морав да одглумам дека сум зрела затоа што сакав да докажам дека сето тоа ми е познато“, дополнила Ријалда во интервјуто.

-Тоа што јас можеби изгледав зрело, не значи дека длабоко во себе не страдав емотивно“, заврши Ријалда.

Scroll to Top