Џијан Емин со диџеј Дерик Меј ќе прават спекаткл во Франција

Македонскиот музички уметник Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на Националниот оркестар де Лорен, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано.

Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзуми – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротиставени.

Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј беше  во Охрид во Античкиот театар во 2014 година.

Scroll to Top