Концерт на Лајбах во Скопје

Словенечката група Лајбах на 27 март ќе одржи концерт во МКЦ во Скопје. Тие пред македонската публика ќе го претстават новиот студиски албум Also Sprach Zarathustra. Музиката за новиот албум е всушност музиката што групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“.

Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за Also Sprach Zarathustra, но и во рамките на фестивалот „Таксират“, кој идната година ќе го одбележи 20. јубилеј.

Scroll to Top