Почна моември, месецот посветен на машкото здравје

Од 2003 година наваму фондацијата „Моември“ го обележува ноември како месец на машкото здравје. Целта на фондацијата е да ги натера мажите од целиот свет да внимаваат повеќе на себе и на своето здравје, да одат на редовни лекарски прегледи и да дејствуваат превентивно против болестите, како ракот на простата, ракот на тестисите, но и да ги поттикнат на физичка активност и подобрување на менталното здравје.

Фондацијата во текот на овие 14 години има собрано околу 402 милиона долари, донирани за многубројни истражувања.

Мажите, пак, го одбележуваат овој празник со пуштање мустаќи кои се заштитен знак на моември, а меѓусебе се нарекуваат мо-браќа. Жените, исто така ја поддржуваат акцијата, поставувајќи фотографии на кои преку апликација ставаат мустаќи на своето лице.

Scroll to Top