Погледнете го првиот трејлер за „Педесет нијанси ослободени“

По огромниот успех на книгите „Педесет нијанси“ на авторката Е.Л. Џејмс, Холивуд ги преточи во филм и светот ја доби трилогијата која ги вклучува „Педесет нијанси сиво“, „Педесет нијанси потемно“, а сега „Педесет нијанси ослободени“.

Првите два филма го немаа очекуваниот ефект врз публиката, но фановите се во исчекување на третиот дел, со надеж дека тој ќе го подобри впечатокот. Првиот трејлер за овој дел беше промовиран вчера, а вклучува сцени од свадбата и медениот месец на Анастасија Стил (Дакота Џонсон) и Кристијан Греј (Џејми Дорнан).

Филмот ќе биде промовиран на 14 февруари 2018 година, а дотогаш, погледнете го првиот трејлер.

Scroll to Top