Бритни Спирс рекламира за „Кензо“, обожавателите незадоволни

Бритни Спирс е новото заштитно лице на брендот „Кензо“, а фотографиите се појавија на официјалните профили на социјалните мрежи на познатата модна куќа.

Меѓутоа, првите реакции на фотографиите не биле претерано позитивни. Имено, обожавателите на пејачката се пожалиле дека таа е премногу фотошопирана и дека одвај ја препознаваат. „Воопшто не изгледа како Бритни“, „Не ја ни препознав“, „На фотографиите изгледа како Џесика Симпсон“, „Што ѝ направиле на лицето?“ и „Ова не е Бритни!“, се само дел од коментарите од страна на обожавателите.

Фотографиите ги снимил легендарниот фотограф Питер Линдберг.

Scroll to Top