Арнолд Шварценегер спие на улица

Славниот американски актер Арнолд Шварценегер, познат по многуте улоги во акциони филмови, спие на улица, и тоа под бронзената статуа која е подигната во негова чест.

Тој самиот ја постави фотографијата на интернет, дополнета со пораката „Времињата се променија“, зад која се крие приказната како завршил на улица во вреќа за спиење.

Имено, во време кога гувернерот на Калифорнија отвори хотел во Охајо пред кој се наоѓа неговата статуа, една личност му кажала дека во кое било време може да има соба резервирана на негово име. Меѓутоа, сега кога Арнолд се појавил на рецепција, одбиле да му дадат соба со објаснување дека нема празно место во хотелот.

Актерот донел вреќа за спиење и спиел под статуата сакајќи да покаже дека додека бил на позиција, имал привилегии, но сега случајот не е таков, а личноста што му дала ветување не си стоела на зборот.

Scroll to Top