Басистот на „Ред хот чили пеперс“ се прошета гол на балконот на хотелот

Познатиот рокер не беше премногу загрижен поради папараците во Бразил и на балконот од хотелската соба и се прошета како од мајка роден.

Рио де Жанеиро во моментов е светската престолнина на џет сетот, бидејќи голем број на ѕвезди пристигнаа на „повторената“ венчавка на менаџерот на Мадона Гај Осеари и неговата сопруга Мишел Алвеш.

Гај и Мишел се венчаа во 2006 година, а сега решија да ги обноват брачните завети, а за таа прилика го резервираа целиот спрат во луксузниот хотел во Рио, додека списокот на гости бил импозантен. Од Мадона и Метју Меконахи, до Крис Рок и Ештон Качер.

Меѓу поканетите се најде и Фил, басистот на беднто „Ред Хот Чили Пеперс“, кој папараците ги почести со своето разголено тело.

Опуштено излезе на балконот како од мајка роден, а сликите од неговиот пенис, го обиколија цел свет.

Scroll to Top