Братот на Кевин Спејси: „Тој е полош од нашиот татко монструм“

Ренди Фаулер, постариот брат на Кевин Спејси, деновиве промовира книга во која ги опишува тешките и трауматични настани од детството и открива дека со години бил сексуално малтретиран од татка си.

„Целиот живот мислев дека го штитам Кевин од нашиот монструозен татко кого го нарекувам суштество, ама се утврди дека тој е полош од него“, пишува Ренди во книгата.

„Седел на својот трон и ги искористувал луѓето со својата моќ и парите што ги имал. Слушнав дека се пријавил во клиника за одвикнување од сексуална зависност. Мислам дека е во погрешна зграда – работата е многу посериозна од сексуална зависност“, рекол Ренди во интервју по промоцијата на книгата.

Тој раскажал дека злоупотребата почнала кога имал 14 години.

„Се случуваше два-три пати неделно. Не знам дали му го правеше тоа и на Кевин. Одамна е, а тој никогаш не зборувал за тоа“, вели Ренди.

Тој дури и се обидел да го убие татка си, седел скриен во плакарот со пиштол, но татко му не го отворил плакарот. Тврди дека би го направил тоа поради лошата психичка состојба во која се наоѓал. Бил психички растроен.

„Ја напишав книгава за да му покажам на светот како сексуалното малтретирање влијае на децата, колку всушност боли. Што се однесува до Кевин, би сакал да разговараме пак, да ми се јави“, додал Ренди.

Изминативе неколку месеци неколку мажи го обвинија Спејси за сексуално малтретирање.

Scroll to Top