Џиџи Хадид со влакнести пазуви

Трендот на влакна под пазувите сè повеќе се шири помеѓу светскиот џет-сет. Последна во низата е Џиџи Хадид. Моделот на „Викторијас сикрет“, која е прогласена и за најубава жена за 2017 година, неодамна имаше фотосесија за магазинот „Лав“. Таа за нив сними и кусо видео во кое ги покажува вежбите што ги практикува секојдневно за да биде во форма. Она што, сепак, привлече најмногу внимание беа нејзините влакнести пазуви.

Фановите на манекенката реагираа бурно и оставија бројни коментари дека Џиџи не изгледа ни малку привлечно и дека нејзините неизбричени пазуви изгледаат одбивно.

Пред Џиџи цел на критики беа и Лурдес, ќерката на Мадона, актерката Мишел Родригез, но и моделот Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, кои на плажа и на црвениот килим одат со влакна под пазувите.

Scroll to Top