Џиновски Доналд Трамп го испалува Ким Џонг-ун од ракета

Иако тема на овогодишниот традиционален карневал во Ница е „Кралот на вселената“, на кого е посветена и централната фигура, во прв план сепак избија светските лидери чии џиновски карикатури привлекоа најголемо внимание.

На најголемиот карневал во Франција, кој почнува на 17 февруари, и трае до 3 март, џиновскиот Доналд Трамп, Ким Џонг-ун, Владимир Путин, Емануел Макрон и Тереза Меј, го засенија францускиот астронаут, Томас пескет, во чија чест е приредено 134 карневалско издание.

Атмосферата целосно ја потполнија и експлозиите и конфетите кои паѓале по насобраниот народ и платформи, на кои танчерите ги покажаа своите умешности.

Една од најзабележаните сцени беше огромната балистичка ракета на која седи претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун, а која ја претставува нивната скорешно натпреварување за тоа чие црвено копче е поголемо“.

Без оглед на веселото расположение на илјадниците насобрани луѓе, песните и музиката, обезбедувањето на карневалот беше на највисоко можно ниво, со оглед на прославата на Денот на Бастија во 2016 година, кога во нападот на камион кој влета во масата луѓе, настрадаа 86 лица.

Безбедносната опрема беше иснталирана ширум карневалот, а многу посетители мораа да чекаат во редови за да ја минат безбедносната проверка.

За две недели, колку што трае карневалот, секоја година низ Ница минуваат околу милион посетители.

Scroll to Top