Ешли Греам промовира сопствена колекција долна облека

Најпознатата „плус-сајз“ манекенка, Ешли Греам промовира сопствена линија долна облека, наменета за „пополнети дами“. Пролетната колекција изработена во соработка со брендот Addition Elle ја нарече Sexy Essentials. Долната облека ја промовира еден месец пред Св. Валентин со цел да им помогне и на подебелите жени да најдат долна облека по вкус, но и да се чувствуваат секси со своите партнери. Долната облека е во розова, црна и сива боја.

„Возбудена сум што оваа колекција излегува пред Денот на вљубените и што ќе можете да уживате со вашата посебна личност носејќи ги овие модели“, рекла Ешли на промоцијата.

Scroll to Top