Гитарата на Принс се продаде за 700 илјади долари

Гитара на починатата поп-икона Принс конечно се продаде по цена од 700 илјади долари. Ова е и највисоката цена платена кога било за гитара на покоен музичар.

Првичната цена на прочуената сина гитара „Облак” беше проценета на 60.000 долари.

На истата аукција беше продадена и дијамантска ракавица на Мајкл Џексон за 102.000 долари, а неговата црвена јакна од змиска кожа од спотот за Beat it достигна цена од 118.000 долари.

Ем-ти-ви наградата на Курт Кобејн е продадена за 62.500 долари, маица на Џими Хендрикс за 106.000, а оригиналот од текстот за песната Starmen на Дејвид Боуви за сума од 81.000 долари.

Scroll to Top