Каја Џонс: Ме принудуваа на проституција и дрога

Една од најатрактивните женски музички групи, „Пусикет долс“, жареше и палеше на светската сцена.

Една, пак, од поранешните членки на групата, Каја Џонс, одлучи да се огласи преку „Твитер“ и на јавноста да ѝ открие некои шокирачки детали.

Каја беше членка на групата во периодот од 2003 до 2005 година, а како што вели, ја напуштила затоа што не можела да го трпи сексуалното малтретирање.

„Кога си во група, ти кажуваат со кого мора да спиеш. Ако одбиеш, те принудуваат да се дрогираш или ти се закануваат дека ќе те уништат. Јас издржав две години и ги напуштив ‘Пусикет долс’, ги напуштив своите сништа и договор вреден 13 милиони долари“, напиша Каја. „Зошто не пријавивме? Затоа што сите го трпевме малтретирањето. Мене лично ми се заканија дека ќе ме убијат ако проговорам“, наведе таа.

Scroll to Top