Лејди Гага се сврши вторпат

Лејди Гага се сврши, овој пат за агентот Кристијан Карино. 31-годишната пејачка и 48-годишниот Карино се во врска речиси една година, а според американските медиуми, се свршиле уште во текот на летото. Гага претходно беше свршена со актерот Тејлор Кини, но двојката ја прекина врската неколку месеци пред свадбата.

Засега Гага и Карино не планираат венчавка, пред сè поради здравствените проблеми на пејачката, која во септември ја прекина светската турнеја и призна дека страда од фибромијалгија, состојба што предизвикува хронична болка во мускулите.

Scroll to Top