Меган Маркл сака мајка ѝ да ја одведе до олтарот

Пред речиси еден месец таткото на актерката Меган Маркл изјавил дека би сакал да ја испрати ќерка си до олтарот, но според британските медиуми, таа би сакала тоа да го стори мајка ѝ Дори Рејланд.

Со ова Меган повторно би ја прекршила кралската традиција. Дали кралицата ќе дозволи ваква отстапка засега не се знае, но имајќи предвид дека досега многупати попуштила пред строгите правила заради идната сопруга на Хари, медиумите шпекулираат дека, најверојатно, ќе отстапи и овој пат.

 

Медиумите пишуваат и дека Меган е постојано во друштво на мајка си Дори, а дека со татко ѝ не е во добри односи, па можеби тој нема ни да биде поканет на свадбата.

Scroll to Top