Почина авторот на прочуениот хит Love is in the air

Австралискиот музичар Џорџ Јанг, кој го напиша прочуениот љубовен хит Love is in the air („Љубовта е во воздухот“), почина на 70-годишна возраст.

Тој беше ментор на прочуениот рок-бенд „Еј-си/ди-си“, основан во 1973 година, а во шеесеттите години се прослави како член на бендот The Easybeats од Сиднеј.

Неговата песна „Љубовта е во воздухот“ до ден-денес е голем хит.

„Со болка во срцето објавуваме дека почина нашиот сакан брат и ментор Џорџ Јанг“, објавено е на страницата на култниот бенд, а членовите на овој состав велат дека без негова помош овој бенд денеска не би бил тоа што е.

Причината за неговата смрт засега не е соопштена по барање на неговото семејство.

 

Scroll to Top