Политичка партија од Нов Зеланд користела песна на Еминем за кампања, сега ќе му плати 415.000 долари

Националната конзервативна партија на Нов Зеланд ги прекршила авторските права на Еминем оти користела песна со сличен текст на хитот на Еминем „Изгуби се“ за своите рекламни кампањи. Поради ова врховниот суд донесе решение владејачката партија да му плати на раперот од Детроит 415.000 долари, плус камата.

„Сметаме дека оваа пресуда ќе биде предупредувачки гест за сите кои користат сличен звук со тој на оригиналните песни во рекламирањето на партиите“, изјави Адам Симпсон, адвокатот кој ја претставуваше „Ејт мајл стајл“, издавачката куќа на Еминем.

 

Scroll to Top