„Половина детство ги забавував другите“ – Џим Кери сними документарец

„Како дете половина од времето го поминав така што ги забавував со моите настапи другите во дневната соба, а другата половина од времето се повлекував во мојот рај, мојата детска соба, и таму пишував поезија и цртав“, е метафората на животот на актерот Џим Кери. За ова тој говори во документарецот „Ми требаше боја“, шестминутно видео снимено во уметничкото ателје на актерот, каде што самиот се спознава преку своите уметнички дела и за тоа зборува искрено и отворено.

„Сликата што сум ја насликал ми кажува што треба да знам за себе“, вели Кери во документарецот, во кој може да се забележи дека целиот негов дом е претворен во една огромна галерија, со негови авторски дела насекаде. „Дури и јадам врз моите слики“, се шегува  актерот. Тој страдаше од тешка депресија, а дополнително неговиот дух го скрши и самоубиството на неговата девојка, Катриона Вајт, во 2015 година.

Scroll to Top