Рајан О’Нил заздравува по тешката операција

Легендарниот актер Рајан О’Нил заздравува по операцијата од рак на простатата. 76-годишниот актер времето го поминува во Малибу каде што се дружи со синот Рејмонд, кој е роден во бракот на Рајан и актерката Фара Фосет.

„Имам волја да се изборам со болеста. Но, ако умрам, барем знам дека повторно ќе ја сретнам мојата девојка“, рече О’Нил, кој не може да се помири со смртта на актерката која почина пред осум години од рак на црниот дроб.

Рајан О’Нил има успешна филмска кариера, а најпознат е по улогите во серијата „Гратчето Пајтон“ и филмот „Љубовна приказна“, за кој има и номинација за „Оскар“.

Scroll to Top