Шанаја Твејн призна зошто не ја импресионирал Бред Пит

Канадската пејачка Шанаја Твејн конечно проговори зошто пред две децении го искористила името на Бред Пит во песната That Don’t Impress Me Much.

„Аха, значи ти си Бред Пит? Па и не сум баш импресионирана“, гласеше популарниот стих. А пејачката вели:

„Во тоа време се случи скандалот со голите слики на Бред и Гвинет Палтроу. Ги видов и коментирав дека не сум импресионирана сакајќи да кажам дека сите гледаме голи луѓе постојано. Така некако се случија и стиховите за песната. Успеав да ја задржам мистеријата дваесет години“.

На крајот на својата исповед Шанаја додаде дека, наместо Бред, можела да употреби чие било име, но, ете, во моментот тој бил најактуелниот маж на планетата.

Scroll to Top