Шенон Доерти стравува да не има рак на коските

 

Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“ , иако го победи ракот на градата, сепак се уште стравува, за тоа дека би можел да се повтори.

„Често се фаќам сама себе како размислувам ‘Ах, ме болат коските. Дали тоа значи дека имам рак на коските? Не поминува ден, а по секое будење да не си се запрашам дали е тоа нормално?. Потоа си велам сама на себе дека е се ОК, ама пак не верувам во тоа. Навистина се плашам да не ми се повтори на коските“, напишала актерката.

Актерката често споделуваше фотографии од лекувањето

Таа рекла дека има само уште една реконструктивна операција која треба да ја направи, но дека секогаш е нервозна кога треба да оди на операција. Актерката додека беше на хемотерапија, јавно споделуваше фотографии и пишуваше како се чуствува.

Scroll to Top