Црвеното мини на Кејт Мидлтон

Откако стана членка на кралското семејство, Кејт Мидлтон (35) се  појавуваше во здолништа и фустани кои главно ги покриваа колената. Сепак, војвотката од Кембриџ изненади со црвениот фустан. Таа е стилски пример на многу Британки, а нејзиното влијание ги преминува границите и на Обединетото Кралство. Што и да облече Кејт, истото за два часа се распродава во продавниците.

Кејт е е бремена со третото дете, а волнениот мини фустан, со карнери на ракавите, е со потписот на британската модна марка „Гоут“.

Scroll to Top