Дневен хороскоп за 06 март

Овен

Случувањата на љубовен план нема да ве разочараат. Оние кои се сами ќе имаат голема потреба за сериозна и долготрајна врска. Желбата за забава е присутна, а пролетта ќе ви создаде ситуации за добро расположение, па веројатно, сосема неочекувано ќе ви се случи таа голема љубов која толку долго ја посакувате. За овновите ова е период на емоции, а работата е во втор план. Не се исклучени ни кратки афери. Разочарувањата се минато и желбата да се вклучите во светот расте.

Бик

Конечно добра вест на која ќе се изгради основата за еден емотивен проект. Ќе треба да донесете важни решенија, но времето за нивно реализирање ќе дојде малку подоцна. Во меѓувреме, не застанувате и не ја губите надежта за исполнување на вашиот сон. На работното место, постојат тензии и пред неколку промени сте кои треба да се решат до мај. Треба да направите важен избор поврзан со работата. Денес и утре не посегнувајте по брзи решенија. Почекајте ја следната недела, кога ѕвездите ќе бидат во ваша полза.

Близнаци

Денес ќе бидете малку под притисок. Ако во последниот период имало потешкотии во меѓучовечките односи, сега би требало да се разјаснат односите. Ќе треба да донесере важни решенија, но времето за нивното финално реализирање ќе биде малку подоцна. Во меѓувреме продолжете да го реализирате планираното. Внимателно на работа каде што може да се појават мали тензии денес и утре.

Рак

Вие сте меѓу победничките знаци на периодот кој следува. Нека поминат само уште ден, два. Ова е интересен период за преговори на работното место. Ако сте преземале одговорности, потребен ви е голем напор и посветеност за изведување на одредени проекти. Доколку имате деца – дозволете им да го живеат животот онака како што тие избрале, не се наметнувајте себеси, обидете се да го пронајдете вистинскиот начин за да се усогласите со нивниот свет.

Лав

Многу приватни работи конечно ќе се решат. Денес ќе биде идеален ден за да се фокусирате на една од нив. Од утре, Месечината дефинитивно позитивно ќе почне да ги решава сите тензични ситуации во врска со домот, финансиите, но и имотот. Оние што имаат свој бизнис, би можеле да направат нешто повеќе, односно постојат можности за поголем профит. Сега постојат добри можности и за оние кои размислуваат за работа во странство или планираат работно да го искористат летото.

Девица

Ги оставате зад себе тешкотиите што ве зафатија последните неколку недели. Март и април ќе бидат добри месеци за да можете да ги потврдите своите успеси. Сепак, денес ќе чувствувате немотивираност и мала конфузија. На работното место, обидете се да се воздржите и погледнете на животот со оптимизам, покажете ги вашите добри намери. На емотивно поле, веројатно ќе добиете глас, кој до некаде ќе ги разјасни заблудите.

Вага

Сега е време за нешто да одлучите. Оние што се во врска ќе треба да се одморат за да добијат поголема јаснотија на работите. Денес ќе се чувствувате збунети, па внимавајте ваквото разочарување да не се прелие и на семејството и во работната средина создавајќи дополнителна конфузија на сите места. Ќе се чувствувате неспособни да ги решите проблемите, па затоа денес не одлучувајте ништо. Вториот дел од годината ќе биде многу поуспешен од овој низ кој сега минувате.

Шкорпија

Денес ќе бидете полни со енергија, една средба ќе ве поттикне на размислување. Ова е период кога сте подготвени за љубов. Често ќе ја напуштате канцеларијата, но и одговорностите. Искористете го тоа време за да бидете малку разгалени, но не претерувајте во отфрлањето секаков вид обврски. Може да се чувствувате неодлучни за вашата иднина. Обидете се да им дадете повеќе одговори и достапност на оние кои ја заслужуваат вашата доверба.

Стрелец

Ова се поволни денови за сентименталниот живот, вашите врски ќе бидат исполнети и добро дефинирани, ама до крајот на неделата може да се случи да ја прекинете врската поради гласини и озборувања. Од денес почнува една многу важна фаза. Некои стрелци треба да го обноват својот живот, ќе добијат желба за промени, зашто се заситени од истите луѓе и истите места. Оние кои имаат несигурна работа, сега можат да разгледуваат нови предлози.

Јарец

Во првите три недели од март можеби ќе треба да запрете и да размислите за некои одлуки. Во наредниов период бидете претпазливи и дајте си време за критична анализа пред да преземете чекор. На љубовно поле, ќе бидете посклони дефинитивно да ја затворите приказната што нема иднина. Младите луѓе ќе бидат фаворизирани доколку се занимаваат со уметност или се во уметничко опкружување, но и љубовта ќе им оди добро, па ќе можат да сретнат сродна душа.

Водолија

Внимавајте на вашата финансиска состојба, црвената линија може лесно да ја пречекорите. Би сакале промени, но не обвинувајте ги другите за тоа, туку вината барајте ја во вашата недостапност и изолираност. Денешното расположение нема да ве задоволи, но веќе од утре ќе се почувствувате како да сте облеани од сончеви зраци.  Затоа, немојте да се заморувате со бескорисни приказни, следуваат многу нови задоволства.

Риби

Ова е период на раст и голема сила. Можно е да се постигнат добри победи, сега е време да почнете да ги реализирате своите проекти. На работното место, не инсистирајте да ги расчистите ситуациите од минатото, туку гледајте кон иднината. На емотивен план, денес ќе влегувате во чести кавги, со расположение да „гризете“ и да се докажувате. Но, веќе пред самиот крај на денот, Месечината ја менува положбата и ќе ви испрати еротска енергија.

Scroll to Top