Мајка ја претепала 8-месечната ќерка со црпалка

26-годишната Лорин Норман од Австралија брутално ја претепала својата 8-месечна ќерка Иви со црпалка. Детето било пренесено во болница со големи повреди на лицето и телото, а Лорин била одведена во затвор. Таа дури и се заканувала дека ќе ја фрли малата од балкон. Пред судијата ја признала вината, а судот ја казнил со само 500 долари и условна казна.

Фотографиите од претепаната Иви се нашле и на социјалните мрежи и во медиумите. Како што пренесува „Дејли мејл“, Лорин добивала закани од непознати луѓе и пораки со омраза. Сепак, откога излегла од затвор, му испратила порака на таткото на Иви, нејзин поранешен партнер, Шејн Мекмахон, во која му се пофалила: „Не одам во затвор. И покрај омразата на социјалните медиуми, успеав… Кој е твојот следен чекор?“

Двојката долго време не е заедно, а Лорин и покрај бруталноста со која се однесувала со Иви, не сака да му го предаде старателството на Шејн.

Scroll to Top