На Јане му се оставри сонот, ги запозна ѕвездите на Манчестер Јунајтед

На малиот херој Јане Велковски му се исполни еден од најголемите детски желби, па конечно се запозна со ѕвездите на најтрофејниот англиски клуб Манчестер Јунајтед.

Деветгодишното момче вечера пристигна во Манчестер, а во хотелот „Лаури“ кој важи за база на фудбалерите на Манчестер, со насмевки на лицето беше пречекан од Маруан Фелаини, Немања Матиќ, Алексис Санчез и уште многу фудбалери на Жозе Мурињо, кои одвоија време и се подружија со него.

Лани, летото, ја освои фудбалската јавност ширум Европа, откако беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, по што доби директна покана од Пол Погба да го следи Манчестер Јунајтед против Севиља на легендарниот „Олд Трафорд“.

 

 

 

Scroll to Top