Викторија Бекам промовира сопствена колекција шминки

Во соработка со светски познатиот бренд „Есте Лодер“, Викторија Бекам ја промовира својата нова колекција шминки. Промотивниот настан, на кој присуствуваа родителите на Викторија и нејзината свекрва, се случи во трговскиот центар „Селфриџис“. Таа се сретна со жени што ги употребуваат нејзините шминки и им подели неколку совети.

Дизајнерката на промотивниот настан беше облечена во креација од сопствената колекција за следната пролет.

Scroll to Top