Каролина се омажи, Лозано раскина долга врска

Годинава што помина е во знакот на љубовта и свадбите за нашите јавни лица. Потфрли Влатко Лозановски, кој, иако сите очекуваа свадба, ја раскина врската со Савка. Еве кој прослави љубов годинава што измина…

Аделина Тахири невеста во црвен фустан

Откако пред речиси еден месец се срвши со своето момче, адвокатот Серјожа Марков, пејачката Аделина Тахири се омажи.

Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии дека по едногодишна врска, со Серјожа стапиле во граѓански брак. Аделина, наместо за венчаница, се реши за црвен фустан со длабоко деколте и крзно. Нејзините пријатели и фанови ѝ посакаа многу среќа и ѝ упатија многубројни честитки за венчавката.

 

Аделина Тахири

Наместо свадба, Лозано раскина со Савка

Влатко Лозановски и неговата девојка Савка ја раскинаа долгогодишната врска. Се зборува дека Савка, со која популарниот пејач беше девет години во врска, пред извесно време се отселила од станот во Скопје каде што живееја заедно. Влатко ја потврди веста за раскинувањето со Савка.

Лозано и Савка

Тој на почетокот на јули во интервју за „Репортер“ изјави дека набргу планира да се жени и дека на Савка ќе ѝ препушти да одбере со кој свадбен танц ќе ја отворат свадбата. Сепак, деновиве на големо се зборува дека двојката ја прекинала врската. И нивните блиски пријатели велат дека се изненадени од нивната одлука.

Лозано и Савка се запознале за време на едно модно шоу, а потоа тој ја поканил да му гостува во спот. Љубовта се родила за време на снимањето на спотот „Обичен без тебе“ .

Каролина се омажи со Михо

Свадбата на Каролина и на Михаил беше свадбата за која најмногу се зборуваше. Венчавката и веселбата беа на 23 септември во еден од воените хангари на аеродромот „Стенковец“, специјално приспособен за оваа пригода.

Многумина од домашните јавни личности беа поканети на забавата, а некли од нив и запеаја. Корубин е син на дизајнерката Лиле Корубин и на уметникот Рубенс. Каролина и Михаил се свршија во Париз во мај неколку дена по нејзиниот роденден.

Каролина и Михо

 

Фолк-пејачот Јордан Митев ги развесели гостите на својата свадба

Музичарот Јордан Митев се ожени со Славица Митреска. Таа е родена во Австралија и пред да се земат беа во врска една и пол година. Свадбата беше во Струмица со сите традиционални обичаи. Јордан ги развесели гостите на свадбата со неколку песни.

Јордан Митев

 

 

Се омажи Милена Антовска

Водителката на телевизијата „Канал 5“, Милена Антовска, стана мајка на Лана Марија. Прв веста ја објави нејзиниот сопруг Гордан. Милена и Гордан направија свадба во мај, а ќерката им се роди во август. Бебето најпрвин се викаше само Лана, па подоцна му го додадоа и името Марија затоа што се роди на празникот Голема Богородица.

Милена Антовска стана мајка на Лана Марија

Димитар едвај ја зема Сара од дома

Поп-пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, иако се свршија минатото лето на плажа во Грција, една година подоцна направија и свадба. Младоженецот отиде по невестата со мотор. На социјалните мрежи се споделуваше оригиналниот прв свадбен танц на Сара и Димитар за кој тие смислија посебна кореографија, која личеше на сцена од „Валканиот танц“.

Сара Мејс се омажи со Димитар

 

Тајно се сврши Симона Поповска

Поп-пејачката Симона Поповска се сврши со своето момче Кристијан. Симона и Кристијан се заедно од 2015 година. Свршувачката била во Охрид. Нивните блиски велат дека тие сето ова го направиле тајно, но набргу по церемонијата, се пофалија на социјалните мрежи.

Александар ја побара Јана за жена на Евровизија

Годинашната евровизиска претставничка Јана Бурческа во август се омажи за својот свршеник Александар Филиповски, гитарист во заедничкиот бенд „Оф битс“. Во октомври Јана и Александар ја добија ќерката Дона.

Александар ја побара Јана за жена пред милионскиот аудиториум на Евровизија во Киев, а веста за бременоста таа ја објави во видеопретставувањето непосредно пред да настапи со песната Dance Alone.

Јана Бурчевска

 

101 роза за Анета Наковска

Фолк-пејачката Анета Наковска се венча во Лас Вегас со својот Спиро, кој со години живее во САД. Таа и на „Фејсбук“ неколку пати објави дека е среќна жена, а за својот 42. роденден од својот партнер доби подарок 101 црвена роза.

Анета Наковска

Борозан се венча за време на клупска пауза

Вуко Борозан, еден од најдобрите ракометари на Вардар и црногорски репрезентативец, на средината на месецот се ожени. Тој ја искористи паузата во која нема клупски и репрезентативни натпревари за да се ожени со долгогодишната девојка Ива.

Набргу по свадбата тој имаше сообраќајна несреќа, но помина со помали повреди.

Вуко Борозан

Подготви: Редакција на „Репортер“

 

Scroll to Top