Дадар за Татјана: Најубавата презентерка на сите времиња

Мејкап-артистот Александар Дадар долги години се грижи за шминката на бројни жени. Низ неговите раце поминале Каролина, Северина, Јелена Розга, Емилија Розман, Кристина Арнаудова, Бубе Јаневска и многу други. Сепак, поранешната мис на Македонија и презентерка на вести Татјана Стојановска толку го плени со својата убавина што Дадар објави две фотографии со неа.

„Кога внатрешната убавина е во совршен баланс со надворешната. Татјана Стојановска, дама со божествен изглед. Најубавата презентерка на сите времиња“, напиша Дадар под фотографиите кои собраа речиси 1.000 лајкови и бројни позитивни коментари.

Scroll to Top