Давид Темелков сними спот во Венеција

Македонскиот пејач Давид Темелков, учесникот во регионалното музичко шоу „Икс-фактор“ во Венеција го сними спотот за најновата песна „Љубави“. Спотот во режија на Јосип Шукер го сними „Хит продукција“. Песната е авторско дело на хрватскиот композитор Мирослав Рус, со кого Темелков соработува последнава година. Рус е автор и на неговата претходна песна, „Љубав на даљину“.

Темелков сними и македонска верзија на песната, насловена „Љубена“. Тој самиот го направи препевот од хрватски.

Scroll to Top