Џесика како божица на „Акропол“

Македонската фолк-пејачка Џесика Палашоска преку социјалните мрежи со своите следбеници ги споделува сите поважни моменти од денот, а сега објави фотографии дека е на ново патување. Овој пат нејзина дестинација е Атина. Младата пејачка со фотки се пофали дека е на „Акропол“, домот на боговите.

Облечена во кусо фустанче, дополнето со бело крзно и црвени чизми, таа предизвика бројни позитивни коментари кај следбениците на „Инстаграм“. Некои од нејзините пријатели преку коментарите ја споредија Џесика со грчките божици.

Scroll to Top