Филип Лазаров: Сакаме историски успех

Ракометарот Филип Лазаров ѝ ја донесе победата на Македонија во првиот натпревар против Словенија, а даде и неколку клучни гола во вчерашниот натпревар против Црна Гора.

„Атмосферата е одлична. Имаме максимален број поени по двата натпревара и отворен пат до историски успех. Ни требаат уште неколку победи и сè ќе биде добро“, рече Филип во изјава за „Репортер“.

Тој додаде дека мечот против Црна Гора не бил воопшто лесен за нашата репрезентација.

„Тоа беше тежок натпревар зашто тие имаат многу добра репрезентација, меѓутоа нашето искуство пресуди. Бевме поконцентрирани од нив во одлучувачките моменти и заслужени победивме“, ни рече Лазаров.

(А.Ј.)

Scroll to Top