(ФОТО) Лила ја пречека Нова година

Познатата водителка Лила Филиповска објави фотографии од пречек на Нова година сосе Дедо Марз и новогодишна елка. Веројатно се работи за снимање новогодишна емисија или реклама, а фотографиите од новогодишниот амбиент Лила ги сподели на својот Фејсбук-профил.

 

Снимањето е во еден хотел во Виница, а зад новогодишната креација на Лила стои познатата дизајнерка Елена Лука. Фотографиите предизвикаа низа комплименти за водителката, а на прашањето на пријателите за која телевизија е ова, Лила напишала „За на сите“.

 

Scroll to Top