Градоначалникот на Карпош Богоев на работа стигна со велосипед

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, вчера на своето работно место во општината, пристинга со велосипед.

Богоев, фотографиите ги објави на својот фејсбук профил, каде напиша дека се приклучил на акцијата „Winter Bike To Work Day – Skopje“.

„Целта на оваа акција е да се подигне јавната за зголемено користење на велосипедот како превозно средство. Во време кога сме соочени со големо загадување на амбиенталниот воздух, велосипедот треба да биде замена за моторните возила. Загадувањето ќе се намали ако ги менуваме и нашите навики. Сите на точак, за чист Карпош и вело град“, напиша Богоев на својот фејсбукп профил.

Scroll to Top