Копров се скара со МТВ заради Евровизија

Композиторот Григор Копров е незадоволен од состојбата во која се наоѓа македонската музика во моментот. Тој својот револт го изрази на прес-конференцијата што се одржа денеска по повод 32. издание на фестивалот „Макфест“. Му се обрати на уметничкиот директор на фестивалот, Љупчо Мирковски.

„Знаете зошто ни е ваква состојбата со музиката? На Евросонг испративме пејачка што не е ни во првите сто во Македонија, песната не ја препеавме на македонски, не се пласиравме ни во финалето. Тоа е најголемиот проблем со македонската музика“, рече Копров.

Изборот на Јана Бурческа за претставник на Евровизија и оваа година беше интерен, а го направи Македонската телевизија.

Scroll to Top