На патиките на Борко испишани отчукувањата од срцето на бебето

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, на Европското првенство во Хрватска ќе брани во патики изработени од злато. На патиките е запишано името на синот на Борко што наскоро треба да се роди, а исцртани се и линии од работата на срцето на бебето, направени на ултразвук. Покрај тоа, на патиките е исцртан и потписот на Ристовски и неговиот број 16, како  и два лава, црвен и син.

Уникатните патики на Борко ги исцрта Сатја Грабулоски со својот тим.

„Златната боја не е боја за цртање, туку стопени ливчиња злато со кои цртавме по патиките на Борко“, откри Сатја за „Репортер“.

(А.Ј)

Scroll to Top