Не смее да не понесе победата, мора да се игра уште

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, кој е десно крило, по натпреварот со Словенија, за „Репортер“ кажа колку се среќни по победата.

„Пресреќни сме, но и многу истрошени. Одигравме тежок натпревар со многу борба,  а и голем товар падна на некои играчи. Се надеваме дека ќе упсееме да се одмориме и да бидеме доволно спремни за натпреварот со Црна Гора“, вели Поповски.

Тој додава дека никако не смее да ги понесе оваа победа, затоа што мора да размислуваат од натпревар на натпревар, затоа што само  така може да се оди понатака, вели репрезентативецот на Македонија. (А.Г.)

Scroll to Top