Пепа има нова песна

„Лага“ е најновиот сингл на Пепа Димитровска. Комплетен автор на песната е Владимир Дојчиновски, а спотот го режираше Александар Ристовски – Принц. Преку песната Пепа испраќа порака да запре насилството врз жените.

„За оваа песна да ја посветам на жените ме инспирираа секојдневните приказни што ги слушам, и од мои познанички и пријателки, но и од медиумите. Ако сите преку својата работа се потрудиме да ја смениме колективната свест и да дадеме целосна поддршка кајшто е навистина потребна, тогаш работите ќе почнат да се движат од мртва точка. Ги охрабрувам сите жени да бидат со кренати глави и да уживаат во оваа песна која треба да ги мотивира и инспирира да одат понатаму во животот и да не се плашат од промени“, рече Пепа.

Scroll to Top