По свадбата, Сара Мејс најавува концерт

Поп-пејачката Сара Мејс ќе одржи концерт во Скопје. Концертот е на 26 септември во 20 часот на плоштадот Мајка Тереза, пред платото на МОБ. Таа ќе настапи со уште 9 музичари, односно авторскиот тим на нејзиниот нов проектот Floating through space with Sarah Mace.

Сара неодамна ја промовира песната „Небо“ за која сними и провокативен спот. Пејачката неодамна го сврте вниманието на медиумите со својата свадба. Таа по неколку години врска, пред две недели се омажи со водителот Димитар Атанасовски.

Scroll to Top