Политичката кампања е во тек. И двете политички партии на големо ги претставуваат своите програми на митинзите по општините и градовите низ земјава.
И овој пат пејачите се ангажирани да настапуваат во кампањите. И ако пред помалку од една години на митинзите ВМРО -ДПМНЕ ја ангажираше речиси цела домашна естрада, од пејачи до актери, водители, овој пат изборот е поскромен. Во кампањата им пеат фолк-пејачите Блага Петревска, Миле Кузмановски и поп-пејачот Владо Јаневски.
За СДСМ ангажирана е стандардната постава. Поддршка во кампањите им даваат рок-пејачите Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, а тука се и Златко Ориѓански и Ѓоко Таневски.