Тамара Тодевска: „Сакаме чист воздух“

На своите профили на социјалните мрежи поп-пејачката Тамара Тодевска објави неколку фотографии сликани на Водно. На фотографиите се гледаат нејзината ќеркичка Хана и густата магла што го обвила градот, па Скопје и не се гледа.

Под фотографиите таа напиша „Греота сме. Сакаме чист воздух“.

Тамара не е единствената јавна личност што го крева гласот против загадувањето и што бара од градските власти да преземат мерки за решавање на проблемот. Кристина Арнаудова, Ребека, Викторија Лоба, Наде Талевска, Нина Јанева, Даниел Дан, Петар Младенов, се само некои од пејачите што зборуваат гласно дека ќе се задушиме и дека мерки мора да се преземат.

Scroll to Top