(Видео) Бугарскиот амбасадор го прекрсти Бујар Османи

Бугарскиот амбасадор Иван Великов Петков на почетокот на обраќањето пред Комисијата за европски прашања му го згреши името на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Заблагодарувајќи се за поканата, тој, наместо на Бујар Османи, му се заблагодари на Осман Бујари. Амбасадорот ги презентира програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2018 година.

Scroll to Top