(ВИДЕО) Гробот на Тоше се распаѓа по 10 години од смртта

По 10 години од смртта, поп-ѕвездата Тоше Проески сè уште почива во импровизирана гробница на Гумење во Крушево. Тука со години не е ништо сменето, само се крпат и прекриваат недостатоците. Импровизираната гробница на Тоше е покриена со теписон од вештачка трева во кој е забоден дрвениот крст со неговото име, датум на раѓање и смртта.

Гробницата е поплочена со бекатон плочи, кои пропаѓаат и тонат, а импровизираната метална конструкција е покриена и заградена со пластика и најлони.

Со плишани срца се прекриваат и се маскираат недостатоците

Ваква слика на гробот на македонската ѕвезда затекнуваат сите посетители кои доаѓаат да му оддадат почит, а со вештачката трева и кадифени срца се крпат недостатоците, иако целото место е во распаѓање. Луѓето кои се задолжени за гробот и кои го обезбедуваат од 2007 година откриле дека само се маскираат недостатоците, а всушност гробното место целосно тонело. Паѓале страничните бекатон плочи и попуштала кровната конструкција.

Поп-ѕвездата загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај местото Градишка, во Хрватска.

Поп-ѕвездата загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај местото Градишка, во Хрватска. Сообраќајната несреќа се случи во 6 часот изутрина кога Тоше заедно со тогашната менаџерка Лилјана Петровиќ и неговиот возач патуваа кон Загреб каде што поп-пејачот требаше да гостува во шоуто на Зухра.

Видеото е на Алсат ТВ и е снимано пред четири месеци, а од тогаш ништо не е променето.

Scroll to Top