(ВИДЕО) Калиопи и Ана Костовска, настап стар 30 години

Поп-дивата Калиопи, пејачката-актерка Ана Костовска и Александар во 1986 година заедно ја отпеале песната „О каков ден“. Ова видео е старо три децении, но ете некој го споделил на социјалните мрежи, и дојде како вистинско освежување, но и потсетување на едно подалечно време.

Впечаток остава стилот на поп-пејачките од тоа време, односно широките здолништа под колената, мантилот на Ана и панделката на Калиопи, но и маичката-рамбовка на Александар, со која настапил во МРТ, каде е сниман настапот.

Scroll to Top