(ВИДЕО) Љубе Бошкоски го отпеа Халид Бешлиќ

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, неодамна присуствуваше на свадба кај свои блиски пријатели на која од срце се расположи. Некогашниот министер за внатрешни работи се качи на бината на која беа музичарите и на гостите им рече дека за ќеф на младенците ќе отпее нешто.

„Нема да пеам патриотска песна зашто некои нови лица ни го земаа патриотизмот, ама затоа ќе отпеам нешто босанско, ќе отпеам песна од Халид Бешлиќ“, им рече Љубе на гостите на свадбата.

Лидерот на Обединети за Македонија ја почна песната без придружба на музички инструменти, кои подоцна го следеа, а овој негов потег беше поздравен од присутните на свадбата.

Scroll to Top