(Видео) Викторија Лоба го промовира видеоспотот за песната „Дојди“

Во пријатна атмосфера, во друштво на своите најблиски пријатели и соработници, поп-пејачката Викторија Лоба денеска го промовира видеоспотот за својата последна песна „Дојди“. Песната е авторско дело на Роберт Билбилов, долгогодишниот соработник на Лоба, спотот го режира Огнен Шапковски, а го снимаше „Мелем продукција“.

На промоцијата, замислена повеќе како опуштено дружење отколку како формален настан, младата пејачка им се заблагодари на присутните за нивната поддршка.

„Овој спот ми значи многу затоа што многу се намачивме, го снимавме три дена. Во ова тешко време кога ние артистите немаме толкава поддршка од медиумите затоа што преовладуваат политичките вести, сакам да им дадам поттик на музиката, видеата, на тоа што го работиме, би сакала да почнеме да правиме добра музика, добри проекти, добри видеоспотови,“ рече, меѓу другото, Викторија Лоба.

 

Подолу можете да гледате  дел од атмосферата што „Репортер“ ја сними на самата промоција, како и одличниот видеозапис за песната „Дојди“.

Scroll to Top